Automotive & Fashion. Обете под влијание од модерната технологија и сензибилитет, модната и автомобилската индустрија секогаш патувале по паралелни патеки. Луѓето генерално (не само вљубениците во автомобилизмот) ги препознаваат автомобилите како форма на уметност. Дизајнерите на автомобили вообичаено црпат инспирација од други дисциплини, како: индустриски дизајн, мода, внатрешно уредување, архитектура и понекогаш продукт дизајн. Ајде да ги завртиме нештата поинаку – да им дадеме задача на модните дизајнери, да црпат инспирација од дизајнот во автоиндустријата.
Новата визија на Korea Auto Trade : „Заедно за подобра иднина“ и визијата: „Доживотен парнер во автомобилизмот, и повеќе од тоа“, навестува дека токму Hyundai има чувство и ќе ги препознае и поддржи креативците во нашето општество. Како дел од стратегијата за општествена одговорност, враќање кон заедницата и поврзување со млада, перспективна, креативна и модерна целна група, Hyundai влегува во поддршка на младите модни дизајнери. Со цел да се даде поддршка на креаторите и да се збогати уметничката позадина на нашата заедница, дизајниравме натпревар преку кој Hyundai во склоп на настанот Fashion & Lifestyle Expo би ги активирал и придонел кон развојот и промоцијата на младите модни дизајнери.
Бидејќи веруваме во квалитетот на младите и перспективни, домашни модни дизајнери – им задаваме предизвик: Инспирацијата за вашиот моден дизајн најдете ја во било кој од моделите на Hyundai. Во изборот, дизајнот или спецификацијата на моделот не поставуваме никакво ограничување – едноставно најдете ја Вашата инспирација во еден од моделите, и пресликајте ја во извонреден моден дизајн.