Fashion & Lifestyle Expo | Селекција и гласање
3840
page-template-default,page,page-id-3840,page-child,parent-pageid-3773,qode-listing-1.0.1,qode-social-login-1.0,qode-news-1.0,qode-quick-links-1.0,qode-restaurant-1.0,ajax_fade,page_not_loaded,,paspartu_enabled,paspartu_on_bottom_fixed,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-theme-ver-12.0.1,qode-theme-bridge,bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-5.4.2,vc_responsive
 

Селекција и гласање

На натпреварот можат да аплицираат неограничен број на кандидати. Еден кандидат може да аплицира со еден дизајн. Од сите апликации, стручното жири по пат на гласање ќе одбере најдобри 10 кои ќе продолжат во финалето на натпреварот (ќе ги изложат своите дизајни на F&L Expo, ќе учествуваат во модната ревија на F&L Expo), и кои ќе „се борат“ за првите три награди.

Првичната селекција ќе се одвива со едноставно бодување со оцена од 1 (најслабо) до 10 (најсилно) на секој член од жирито на секој испратен дизајн. По поднесување на сите оцени од сите членови на жирито, оцените ќе бидат едноставно сумирани а првите 10 финалисти ќе бидат оние со највисока вкупна сума на оцени.


Бодување на одбраните во финале

Одбраните дизајни ќе бидат премиерно презентирани на Fashion & Lifestyle Expo.

На 20.03, во форма на ексклузивно пред-отварање (pre-opening) на настанот ќе биде реализирана модна ревија каде ќе продефилираат сите одбрани модели. На ревијата ќе бидат присутни сите членови на жири комисијата, како би го погледнале конечниот резултат.

На 21 и 22.03, дизајните ќе бидат изложени во галеријата на МОБ, со можност сите посетители да гласаат за својот фаворит.

Гласањето ќе се одвива на следниот начин:


Стручното жири ги поднесува своите бодови (на формулар претходно подготвен од организаторот) со оцена за секој дизајн најдоцна до 22.03 до 15:00 часот. Дизајните ќе се бодуваат со оцени од 1 (најслабо) до 10 (најсилно) во следните пет критериуми:

– Иницијална идеја, инспирација и оригиналност

– Квалитет на изработка

– Целосен изглед на модната ревија (земено предвид и модел, шминка, фризура, обувки, стилизација)

Секој член на жирито ќе го оцени (бодува) секој аспект на секој дизајн. Победниците на првите три места ќе бидат оние кои имат највисока вкупна сума на бодови (сума на сите пет критериуми, сумирани сите бодови од секој член на жирито) – што истакнува дека е подеднакава важноста на секој критериум како и подеднакво се вреднува гласот на секој член на жирито.


Гласањето од публика ќе се одвива така што во текот на целото времетраење на настанот (пред почетокот на ревијата, и за време на двата дена додека се моделите изложени) на мини пултовите на Hyundai посетителите ќе може да подигнат формулар за гласање, каде ќе може да гласаат за максимум 5 свои фаворити од дизајните. Дизајните ќе бидат наведени со реден број, име и презиме а гласањето ќе се одвива со едноставно заокружување на фаворитите. Со цел избегнување на „полнење кутии“ од исти лица, подигањето на формулар задолжително ќе се прави со регистрација на гласачот со запишување на име, презиме и е-маил адреса, на претходно изготвен формулар, администриран од хостеса на Hyundai. Формуларите треба да содржат специјален печат од организаторот за да бидат валидни, а ги издава исклучиво хостесата по пополнување на формуларот.

Пополнетиот формулар посетителот треба да го стави во обележаната кутија, која ќе биде поставена на инфо пултот на Hyundai каде ќе бидат и хостесите. Формуларите ќе може да се вметнат во кутијата во периодот од 20.03.2019 од 19:00 часот до 22.03.2019 до 17:00 часот по што гласањето ќе биде затворено за пребројување на гласовите.

Броењето на гласовите од публика оди со едноставно пребројување на вкупниот број на гласови.

Првите три дизајни кои освоиле најмногу гласови од публиката ќе добијат 10, 5 и 1 поен, за прво, второ и трето место, соодветно.


Одредување на победници во натпреварот

Натпреварот ќе започне од 20.03.2019 од 19:00 часот и ќе трае до 22.03.2019 до 17:00 часот. По 17:00 часот, организаторот ќе затвори гласачките кутии и ќе ги прибере бодовите од стручното жири, по што ќе ги преброи гласовите а победниците ќе ги одреди според бројот на освоени поени. Контролата околу текот на натпреварот ќе ја врши Моментум Инк. ДООЕЛ.


Објавување на резултати и подигнување на награди

Сите учесници вклучувајќи ги и победниците ќе бидат поканети на јавно доделување на награди во склоп на програмата на F&L Expo, на свечено прогласување на затворањето на манифестацијата Fashion & Lifestyle Expo, во петок, 22.03.2019 во 19:00 часот. Победниците ќе бидат објавени и со име и презиме на веб сајтот www.flexpo.mk и фан страната на Facebook www.facebook.com/flexpo на 23.03.2019 до 17:00 часот.