Право на учество имаат сите физички лица на возраст од 18 до 30 години кои се или пак биле студенти во било кој факултет/академија/институт или организација/тренинг центар каде се изучува модниот дизајн.
Аплицирањето за натпреварот се врши со испраќање на:
– Скица на дизајнот со кој се аплицира за натпреварот –
Земете време сериозно да ја разработите идејата и дизајнот, бидејќи ова е конечниот дизајн според кој би влегле во потесната селекција и со кој би се натпреварувале и во големото финале. Ова е веројатно најважниот елемент од натпреварот, па затоа посветете се максимално на неговото осмислување;
– Кратко објаснување за инспирацијата за моделот (до 200 зборови);
– Кратка спецификација на моделот (тенденција, форма, стил, влијание, материјали и колорит) и сл. до 200 зборови).
– Линк до Facebook и Instagram профил на кандидатот;
– Опционално: Портфолио (до 10 страни);
Материјалите може да се испратат во електронска форма на drivenbydesign@momentum.mk во е-маил со наслов: „За Hyundai натпревар – Име и презиме“ најдоцна до 11.02.2019 до 12:00 часот. Сите апликации по овој рок нема да бидат земени предвид.