Fashion & Lifestyle Expo | Фонд на награди
3896
page-template,page-template-full_width,page-template-full_width-php,page,page-id-3896,page-child,parent-pageid-3773,qode-listing-1.0.1,qode-social-login-1.0,qode-news-1.0,qode-quick-links-1.0,qode-restaurant-1.0,ajax_fade,page_not_loaded,,paspartu_enabled,paspartu_on_bottom_fixed,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-theme-ver-12.0.1,qode-theme-bridge,bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-5.4.2,vc_responsive
 

Фонд на награди

Награди

Со искрена желба да придонесеме во развојот на младите модни дизајнери…

На натпреварот може да апилцираат неограничен број на модни дизајнери. Од сите апликации, ќе бидат одбрани најдобрите 10, кои ќе добијат:

  • Изложување на Fashion & Lifestyle Expo во Македонската Опера и Балет: Најдобрите креации ќе бидат изложени во галеријата на МОБ за време на Fashion & Lifestyle Expo. Секој дизајн ќе има свој број, име на дизајнер и темата на која е креирана. На овој начин, посетителите имаат можност одблиску да ги доживеат уметничките дела и да дознаат повеќе за младите дизајнери кои стојат позади уникатните изработки, како и да гласаат за своите фаворити.
  • Учество на модна ревија на Fashion & Lifestyle Expo во Македонската Опера и Балет: Најдобрите 10 дизајни ќе имаат прилика да учествуваат на модна ревија на Fashion & Lifestyle Expo. Модните дизајни на дизајнерите ќе продефилираат на модна ревија отворена за сите посетители. На самата ревија ќе присуствува и стручно жири кое преку својата експертиза ќе ги оцени креациите, а ќе им биде дадена можност и на посетителите да гласаат за своите фаворити. Согласно оценките на сите членови на жирито, вклучувајќи ги поените освоени од публиката, ќе бидат одбрани првите три победнички креации.
  • Парични награди: Со цел вистинска поддршка и поттик за младите дизајнери успешно да развијат свои линии и да се позиционираат на пазарот, Hyundai на F&L Expo ќе додели парични награди за победниците, и тоа:
    • Парична награда од 1.000 ЕУР на првото место;
    • Парична награда од 500 ЕУР на второто место и третото место.
10

Изложување на моден дизајн

10

Учество на модна ревија

2

Награди по 500 ЕУР

1

Награда од 1000 ЕУР

Единствено ограничување е победникот да го изработи победничкиот дизајн повторно со употреба на високо-квалитетни материјали.