#градот
Заедно патувавме низ минатото, сегашноста и иднината на нашиот град! На четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo го доживеавме Скопје низ архитектурата, дизајнот, фотографиите, културата… Уживавме со градот кој СЛУША, ГЛЕДА, ЧИТА, градот УРБАН и УБАВ – градот кој се забавува. На 20-22рти март, фоајето на Македонската Опера и Балет повторно заблеска со креативна енергија која беше олицетворение на финиот дизајн, уникатни производи, урбаните звуци и вкусните пијалаци.