#тер
Подгответе се за пролетното прочистување од зимските лежерни мисли и хибернацијата. Време е за повторно отворање и проширување на хоризонтите со нови, креативни и иновативни перцепции. Под мотото #ТЕР Fashion & Lifestyle Expo по трет пат го најави единствениот lifestyle настан кој прави совршен спој од сѐ она што ја предизвикува нашата индивидуална и креативна страна. На 22ри и 23ти март, фоајето на Македонската опера и балет повторно зрачеше со креативната енергија која е резултат на современиот дизајн, иновативните производи, уметноста, креативноста и прекрасните звуци.