Fashion & Lifestyle Expo | Приказни за градот
4261
post-template-default,single,single-post,postid-4261,single-format-standard,qode-listing-1.0.1,qode-social-login-1.0,qode-news-1.0,qode-quick-links-1.0,qode-restaurant-1.0,ajax_fade,page_not_loaded,,paspartu_enabled,paspartu_on_bottom_fixed,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-theme-ver-12.0.1,qode-theme-bridge,bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-5.4.2,vc_responsive
 

Приказни за градот

Приказни за градот

Четврток 21.03.19 | 19:00 – 20:00

 

This City Knows e веб-платформа посветена на градови. За своја цел има да ги истражува субверзивните потенцијали на носталгијата, но и да ја документира сегашноста и да погледне кон иднината.

Низ прикажување на успешни урбани практики, споделување на лични приказни за градови и патувања, критика и промислување на современите урбани знаменитости, платформата се обидува во целост да го освежи наративот за Градот како културен, социјален или историски конструкт.

Панел дискусија каде првично би се презентирала веб-платформата www.thiscityknows.com, а потоа разговорот би продолжил на неколку теми поврзани со настанот и со веб-платформата.

Дискусијата ќе биде проследена со селекција на фотографии од старо Скопје (чија дистрибуција/промоција/коментирање била до сега една од активностите на This City Knows), споредбено со понови фотографии од Скопје.

Би се зборувало:
Како местото на живеење го диктира стилот на живеење?
Кој е ефектот на урбаните/архитектонските интервенции на јавните простори околу нас?
Каква е улогата на колективната меморија за градот, и како таа го обликува нашето постоење?
Зошто е потребно да се зборува/пишува/документира на овие теми? Која е потребата од критика и одново промислување на наративите за Градот? Како личните приказни доаѓаат тука до израз?