20 Feb #Градот СЛУША: Жени Фронтмени
Среда 20.03.19 | 16:00 – 17:00
Во секое парче музика, постојат безброј скриени светови кои слушателот самостојно ги открива, па дури и создава. Во секоја средина, постојат и индивидуи – цели светови кои изобилуваат со имагинација – кои својот глас и вештина ги користат за да дадат нова перспектива и нова димензија на постоечкото. Гласот не е нешто што тие го поседуваат, туку е целиот нивен идентитет. Имаат различни приказни и позадини, ама едно нешто им е заедничко: Тие се водичи… И во нашиот случај, тие се ЖЕНИ ФРОНТМЕНИ.
Овој настан е инспириран од женските фигури во македонската музичка индустрија и нивните секојдневни обврски, предизвици, загуби и триумфи. Панел дискусијата ќе се осврне на најважните аспекти од музичката индустрија, табу темите за вокалното здравје, есенцијата на музиката и процесот на нејзино создавање.
Во таа насока поканивме 5 дами (кои подоцна ќе бидат откриени) кои отворено ќе разговараат на овие теми како би ја зголемиле свеста за овие аспекти, и кои несомнено ќе ве инспирираат! Затоа, ве покануваме заедно да ги прошириме нашите хоризонти.
Ве очекуваме на Fashion & Lifestyle Expo во МОБ на 20.03, од 16:00ч на главна сцена.