Fashion & Lifestyle Expo | Стручно жири
3874
page-template-default,page,page-id-3874,page-child,parent-pageid-3773,qode-listing-1.0.1,qode-social-login-1.0,qode-news-1.0,qode-quick-links-1.0,qode-restaurant-1.0,ajax_fade,page_not_loaded,,paspartu_enabled,paspartu_on_bottom_fixed,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-theme-ver-12.0.1,qode-theme-bridge,bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-5.4.2,vc_responsive
 

Стручно жири

Лидија Георгиева – дизајнер, костимограф и професор, својот бренд го основа во 1998 година, презентирајќи ја својата работа во дизајнерски продавници во Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија и САД.              

Тања Кокев – Дизајнерката од чие ателје веќе 12 години излегуваат врвни креации, а која е препознатлива по свечените тоалети и венчаници. Со своите креации е присутна на црвените килими ширум Европа, а она што за неа е доста интересно е лансирањето на првиот парфем со дизајнерски потпис меѓу македонските креатори.

Изет Цури – реномиран моден дизајнер кој 40-тина години активно работи на француската модна сцена. Од скопски кројач станал светски познат моден дизајнер и направил бренд од своето име во колевката на модата – Париз. Соработува со најпознатите и најголемите имиња во модниот свет, а во долгата листа на успеси посебно место зазема Модниот Институт кој го носи неговото име.;

Кристина Глигоровска – Редок и особено интересен теоретичар – Кристина е моден аналитичар, уредник и консултант. Со десетина години искуство во областа на модните медиуми и истражувања, нејзиниот фокус се модата и технологијата. Таа е консултант за развој на модни брендови, особено во областа на предвидувањето на трендовите, учесник и говорник на глобални конференции во Токио, во Лондон, во Антверпен и во Париз.

Снежана Богдановска Сани – модна новинарка – во светот на модата е повеќе од 35 години и ако со еден збор треба да се опише тоа е ПИОНЕР. Сани е дел од првата професионална екипа на македонски манекени, првите модни кореографии, првата модна агенција, прв профилиран моден новинар, прв и за сега едиствен моден аналитичар и автор на прва модна книга во Македонија.              

Милена Танаскоска – моден уредник во жескиот магазин Unique. Паралелно со нејзината задача како долгогодишен уредник во едно од најпознатите списанија – заслужни за диктирање на модата по скопските улици, Милена во модниот свет има изградено репутација на една од најстилизираните девојки во нашиот град. Магазинското искуство и даде можност да се реализира и како стилист кој деноноќно ги следи светските и домашните трендови.