Fashion & Lifestyle Expo | Бетонско Скопје / МАРХ – македонска архитектура
4258
post-template-default,single,single-post,postid-4258,single-format-standard,qode-listing-1.0.1,qode-social-login-1.0,qode-news-1.0,qode-quick-links-1.0,qode-restaurant-1.0,ajax_fade,page_not_loaded,,paspartu_enabled,paspartu_on_bottom_fixed,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-theme-ver-12.0.1,qode-theme-bridge,bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-5.4.2,vc_responsive
 

Бетонско Скопје / МАРХ – македонска архитектура

Бетонско Скопје / МАРХ – македонска архитектура

Четврток 21.03.19 | 18:00 – 19:00

 

Марх е нет простор посветен на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност. Целта е да се подигне самосвеста и самодовербата во професијата, влијаејќи едукативно врз пошироката јавност која е опсипана со тековни архитектонски неиздржани проекти како дел од урбанистичкиот хаос. Оваа страна стреми да ги покаже домашните вредности кои се скриени или невидливи за јавноста.

Проектот „Бетонско Скопје“ цели да го документира постземјотресното градителско наследство на Скопје и од него да создаде достоен сувенир, кој покрај визуелната перцепција ќе понуди податоци за авторот на делото, година кога е создадено и неговата локација во просторот. Заинтересираните ќе можат да дознаат повеќе за објектите следејќи го линкот кој води до нашата страна. Насловот на проектот намерно го заобиколува терминот – брутализам, бидејќи перцепцијата за истиот ја ограничува можноста, објектите кои имаат делумно или во сегменти бетонски обликовен израз да не влезат во селекцијата. Затоа велиме „Бетонско Скопје“ и со тоа отвораме бескрајни локации и можности на препознавање – објекти, партерни елементи, фасади, урбана опрема, мостови, детали итн…