21 Feb In front & behind the scene
Среда 20.03.19 | 16:00 – 18:30
КАРИЕРА ПЛУС – единствен центар во Македонија специјализиран за курсеви од мода и убавина. Бројните курсеви и соработки на КАРИЕРА ПЛУС се доказ повеќе за тоа дека континуирано сме посветени на активно вклучување на нашите посетители во проекти од различен тип, со што им помагаме да ја доживеат конкретната професија во полн сјај.
Креативноста ја ставаме на врвот и ги мотивираме нашите курсисти да остават свој белег со оригиналност и уникатни идеи, а со тоа да се истакнат во професијата која ја избрале.
СЕГА Е ВРЕМЕ ДА ПОЧНЕШ И ДА УСПЕЕШ,
ТВОЈАТА КАРИЕРА СО КАРИЕРА ПЛУС!
Ве повикуваме на повторна дружба со КАРИЕРА ПЛУС
Кога е вистинскиот момент?
На 20 март на Fashion & Life style Expo 2019 🙂
KARIERA PLUS MakeUp and Hair artists ready to reveal their fashion secrets…
Посетителите ќе имаат можност да видат пример за тоа како се спремаат моделите за сценски настапи и стајлинг пред камера, за фотосесии и модни ревии конкретно преку изработка на шминката и стајлинг на косата на манекенките на ревиите на Hyundai (16-18:30h) и Per Sempre (18:30-21h). Во програмата за настап на Центарот Кариера Плус ќе учествуваат наши завршени курсисти, сега активни мејкап артисти и професионални фризери.