20 Feb Презентација на проектот „Напуштени можности“ преку примерот на град Скопје
Среда 20.03.19 | 18:00 – 19:00
Културнo ехо е меѓународна, невладина и независна организација со седиште во Скопје, Р. Македонија. Со осврт кон архитектурата и други уметности, па се до компјутерските и правните науки, нашата мисија е да ја промовираме корпоративната урбана и еколошка одговорност; повторно откривање, редефинирање и решавање на заедничките прашања преку конвенционални стратегии и нови перспективи за создавање на одржлив урбан, социјален, општествен и културолошки развој.
Презентација на проектот „Напуштени можности“ чија примарна цел е детално истражување на напуштените објекти и нивната околина кои претставуваат (потенцијална) закана за безбедност и општото здравје за луѓето, животните и животната средина, нивна реставрација и ревитализација во насока на повторна употреба за општото добро , преку примерот на мапирани објекти во околина на градот Скопје.