Fashion & Lifestyle Expo | Приказната за Сувенири од Скопје
4190
post-template-default,single,single-post,postid-4190,single-format-standard,qode-listing-1.0.1,qode-social-login-1.0,qode-news-1.0,qode-quick-links-1.0,qode-restaurant-1.0,ajax_fade,page_not_loaded,,paspartu_enabled,paspartu_on_bottom_fixed,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-theme-ver-12.0.1,qode-theme-bridge,bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-5.4.2,vc_responsive
 

Приказната за Сувенири од Скопје

Приказната за Сувенири од Скопје

Среда 20.03.19 | 17:00 – 18:00

 

Идејата на проектот Сувенири од Скопје е да се претстави Скопје во едно убаво светло пред странските посетители и секако да можат да купат и понесат со себе сувенир како убав спомен или подарок. Сувенирите имаат помодерен пристап во однос на графичкото изразување со надеж дека ќе им бидат допадливи на посетителите и ќе помогнеме барем делумно Скопје да оди рамо до рамо со другите светски метрополи.
Сите илустрации се уникатни, од впечатливи и репрезентативни локации во Скопје, и истите се искористени за брендирање на сувенирите.

На посетителите ќе им биде презентирана првичната идеја за тоа како е започнат проектот Сувенири од Скопје и која е целта на неговото постоење. Ќе им биде зададена кратка активност во која ќе треба да учествуваат и потоа на подарок ќе добијат одбележувач за книга или разгледница со мотив од некој дел од Скопје по нивни избор.