Fashion & Lifestyle Expo | Ајде да свириме!
4182
post-template-default,single,single-post,postid-4182,single-format-standard,qode-listing-1.0.1,qode-social-login-1.0,qode-news-1.0,qode-quick-links-1.0,qode-restaurant-1.0,ajax_fade,page_not_loaded,,paspartu_enabled,paspartu_on_bottom_fixed,qode_grid_1300,qode-content-sidebar-responsive,qode-theme-ver-12.0.1,qode-theme-bridge,bridge,wpb-js-composer js-comp-ver-5.4.2,vc_responsive
 

Ајде да свириме!

Ајде да свириме!

Среда 20.03.19 | 15:00 – 16:00

 

Skopje Drum Talks е организација за поддршка на тапанарите во Р. Македонија која спроведува музички едукативни програми од секаков вид и помага во развојот на музичарите и на оние кои сакаат да го научат овој инструмент.

“Ајде да свириме!” е музичка работилница чија цел е популаризација на ударните инструменти преку едукација на популација од различни возрасти. Работилницата ќе ја водат искусните локални тапанари: Благоја Антовски (Smut, Каролина Гочева, Нокаут, Black and Vice Social Club), Дејан Милосављевиќ (Влатко Стефановски Трио, Kabadayas, Владо Јаневски), Дамјан Даневски (Зулу 3.4., Day Off Next Generation) и Мартина Баракоска (Duper). Програмата на оваа работилница содржи изучување на основни ритмички концепти и патерни (2/4, 3/4, 4/4, 7/8, клаве, каскара и др.) при што публиката ќе земе активно учество и ќе се креира една ритам секција.